Констанца добива сала за ЛШ

Романскиот клуб со години го чека(ше) главниот проект 



Романскиот клуб Констанца кој со години беше македонска колонија и клуб што бил и на врвот и на дното во романскиот ракомет, конечно, ќе направи чекор напред. 
Не играчки, не организациски, туку вистински чекор напред благодарение на градот. 

Во Констанца, конечно, ќе се гради сала вредна (во прв момент) околу 15 милиони евра, со капацитет 5000 седишта и сите пропратни простории од типот сала за прес конференции, ВИП, помошни тренинг, „теретана“, физио-терапии и масажи и сл. Проектот е одобре, наскоро треба да се почне со градење.

Констанца досега беше принудувана да игра во соседни градови, па и во Букурешт затоа што нивната сала, не ги исполнуваше критериумите за ЛШ, а сега ниту за Лига Европа..





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk