Душебаев се плаши дека ќе нема ЛШ!

Стратегот на Келце, Талант Душебаев, неодамна во интервју за официјалната веб страна на клубот каже доста интересни работи, кои сепак, во изменета форма стигнаа до навивачите ширум Европа



Талант Душебаев во неодамнешното интервју за официјалната страна на Келце, изнесе неколку интересни детали, пред се околу неговиот клуб, што предизвикаа и многу реакции и во македонската јавност.
е се навратиме на работата што заслужува посебно внимание, најголемиот страв на Талант. 

„Ако нема ЛШ, тогаш за првенството во Полска нема да имаме потреба од 16-17 играчи. Во тој случај можеби ќе треба да ги позајмиме, па дури и да ги продадеме и Волф, Душебаев и Карачиќ“, изјави Талант.

За коректен превод од полски јазик го консултиравме и од авторот на интервјуто, полската новинарка Магда Плушевска. Прашањето беше на што точно мислеше Талант кога кажа „Ако нема ЛШ'. 

„Се мисли на моментот воопшто да не се игра Лига на шампиони и следната сезона. Никој однапред не може да знае како ќе се развиваат настаните, можеби и на есен границите ќе бидат затворени и нема да може да се патува, уште помалку да се играат натпревари“, објасни Плушевска. 

Од оваа претпоставка произлезе и другиот дел дека трансферите не се сигурни и дека Келце ќе има мака да ги задржи играчите доколку биде принуден да крати од буџетот. 

„Не би сакал ова да биде претставено како сензација, затоа што е само пример, таков случај нема, но ако на пример Карачиќ 18 месеци не земал плата во Вардар, а и овде почне да му се крати од платата, не можеме да го обвиниме ако друг клуб му понуди повеќе и тој си замине. “, изјави Душебаев. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk