РФМ побара валјд карта за СП Египет 2021

Ракометната Федерација на Македонија писмено побара од ИХФ валјд карта за Светското првенство во Египет 2021



Ракометната Федерација на Македонија испрати официјално писмено барање до ИХФ за добивање на валјд карта за учество на следното СП во Египет 2021. 
Македонија има неколку силни аргументи за добивање на поканата од ИХФ. Најсилен аргумент ни е дека според пласманот на последното ЕП кое беше репер кога се номинираа и елиминираа службено репрезентациите  за ова СП, Македонија е најдобро пласирана екипа. И ЕХФ ја има испратено истата препорака до ИХФ. Потоа, факт е дека во Македонија ракометот е спорт број 1, дека редовно се организираат дочеци за играчите, дека сме во некој вид на ракометна еуфорија со години итн., дека го имаме најдобриот стрелец во историјатра на СП, ЕП и ЛШ кој ете по некоја слулајност репрезентативната кариера ја почна во Египет 1999 и би можел да ја заврши во Египет 2021... 

Но, треба да се има предвид дека валјд карта е повеќе политичка одлука отколку спортска, па милионскиот ТВ аудиториум на Полска, плус фактот што 2023 тие се домаќини на СП ги бутка и нив напред во трката. 

Црна Гора можеби нема спортски и тв-статистички моменти со кои би се тркала со Македонија и Полска, но го имаат Предраг Бошковиќ високо во комисиите на ИХФ... 

Русија веројатно отпаѓа од конкуренцијата за валјд карта поради нерешените сметки со ВАДА, а Швајцарија која иако е земја во која е сместена централата на ИХФ (Базел), постојано е во некој заострен однос со ИХФ и тешко дека би биле фаворизирани во изборот. 

ИХФ има на располагање две валјд карти. Можно е да се ослободи и трето место доколку не се одржат предвидените квалификации во Пан Американската зона. Едните се закажани да се играат во Ел Салвадор, другите во Мексико. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk