Рекордот на Лазаров ќе трае со години

Кирил Лазаров со години ќе ја носи круната во Лигата на шампионите

Корона време е, има нема ќе се појави некоја стара статистика што деновиве добива ново значање. Денеска одново европските медуми од Шпанија до Белорусија се занимаваа со вечната листа на стрелци во Лигата на шампионите.  

Таму лидер е Кирил Лазаров, а Тимур Дибиров е на местото број четири. Денеска листава ќе ја погледнеме од друг агол, а тоа е колку долго би можел Лазаров да се задржи на првото место. 

Во моментов, активни се Карабатиќ, Дибиров и Микел Хансен од првата осморка. Карабатиќ со 258 гола помалку е единствениот со над 1000 голови и е најблиску до Лазаров.
Но, 258 гола е најмалку 3 топ сезони, а Карабатиќ би требало до 39 години да постигнува по 100 гола од сезона... А ако следната сезона Лазаров одново игра ЛШ, Никола Карабатиќ ќе ја заврши кариерата како втор. 

Тимур Дибиров исто така. И тој има 36 години, а заостанува цели 448 гола. Нема да го стигне Лазаров, би требало да биде среќен ако ја мине границата од 1.000 гола. 

Микел Хансен е 511 гола зад Лазаров. Има 32 години и сигурно ќе игра најмалку уште 5-6 сезони. Со новиот формат на ЛШ ќе има минимум 14 максимум 20 натпревари. Со просек од над 5 гола по натпревар или како редовен пеналџија, Хансен има шанса во теорија, по 5-6 години да го стигне Лазаров. Но, во проценти не се големи шанси, многу е поверојатно рекородор на Лазаров да трае со години. Ако Хансен не успее, тогаш сигурно десетина години крал на стрелците во ЛШ ќе биде Кирил Лазаров. 

ТОП СТРЕЛЦИ
Кирил Лазаров - 1.332
Никола Карабатиќ 1.074 
Момир Илиќ 969
Тимур Дибиров 884
Марко Вујин 841
Сергеј Рутенка 838
Микел Хансен 821
Ласло Наѓ 806


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk