Стојановиќ продолжува со Охрид

Екипата на Охрид денеска им се приклучи на Вардар, Металург и Е. Пелистер во друштвото што веќе почна да работи за следната сезона



Екипата на Охрид денеска им се приклучи на Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер кои досега беа мало одбрано друштво што веќе почнало да работи за следната сезона. 

Охриѓани ја продолжија соработката со тренерот Раде Стојановиќ со кого во моментот на прекин на првенството беа на второто место во Супер лигата, зад екипата на Металург. 

Првиот потег е одигран, наскоро очекуваме клубот да ги продолжи договорите со ракометарите на кои ќе смета сленадната сезона, а потоа евентуално да донесе и засилувања или пополнување на позициите. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk