Металург донесе засилување од Мешков Брест

Второ големо засилување за тимот од Автокоманда, во Скопје пристигнува црногорскиот пивот, довчера член на Мешков Брест од Белорусија



Металург и денеска, втор ден по ред има со што да ги израдува своите фанови. По Момир Рниќ, денеска потпис на договор со Металург стави и црногорскиот репрезентативен пивот Бранко Канкараш (32), довчера член на екипата на Мешков Брест. 

Се менува и амбиентот во „Автокоманда“ со поинаквата фиозиономија што добива скопскиот клуб во пресрет на следната сезона. Двајца искусни и квалитетни играчи веќе потпишаа уште со неколку се преговара и наскоро ќе ја имаме комплетната слика од „Автокоманда“.  Амбициите на клубот се играње во Лига Европа откаде треба да почне битката за шампионската титула и во македонското првенство.

Бранко Канкараш е пивот, висок е 188 см и тежок нешто над 100 килограми. Играч чија физиономија потсетува на неговиот црногорски претходник во Автокоманда, легендата Младен Ракчевиќ. 

Канакраш минатата сезона ја мина во Мешков Брест каде што Белорусинот Шумак ја има главната улога на линијата заедно со Селвасјук. Тоа не му одговараше на Црногорецот и во потрага по клуб каде што ќе игра поважна улога доаѓа во Скопје. 
Пред да игра за Мешков, Бранко Канкараш играше за екипата на Истра во Франција.






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk