Бразилска репрезентативка позитивна на Корона

Бразилската ракометна репрезентативка, Тамиреш Морена Лима, играч на романскиот клуб Данубе Браила е првиот регистриран позитивен случај на Ковид 19 во романскиот ракомет. 

Таа од март е во Бразил, таму и се заразила и сигурно нема да се врати назад за да го доигра романското првенство што треба да продолжи во јуни. 
Лима  е пикер и била повикана во бразилската репрезентација пред да биде прекинато првенството и ракометот воопшто. Од клубот ја потврдиле информацијата, но немаа или не сакаат да откриваат повеќе детали. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk