Данскиот суд ја поништи одлуката за прекин на првенството

Данската ракометна федерација неодамна донесе одлука за прекин на првенството со почитување на моменталните резултати и назначи шампиони и екипи што испаѓаат/влегуваат. 

Женскиот клуб Алборг и машкиот Нордсјелад требаше да испаднат, а екипата на Одер во машка конкуренција имаше шанса за влез во елитата. 
Овие три клуба поднесоа жалба до независен суд, а тој денеска ја поништи одлуката на данската федерација, пресудувајќи во корист на трите клуба што се жалеа. 

Данската федерација сега одново се враќа чекор назад и ќе мора да ја ревидира својата одлука. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk