Металург донесе српска ѕверка во „Автокоманда“

Добри вести од „Автокоманда“, Металург прави кам-бек на македонската сцена



Фановите на Металург можат да почнат од гардероберите да ги вадат спакуваните шалови, дресови и други навивачки реквизити и да се спремаат за наредната сезона во која клубот од „Автокоманда“ се враќа на сцената. 

Комодитетот на Вардар и Еурофарм Пелистер, два тима што прават големи реконкструкции ќе биде нарушен. Паралелно со израмнувањето на долговите, кам бек на сцената подготвува Металург, а првото звучно засилување во „Автокоманда“ доаѓа од Србија. 

Момир Рниќ (32) лев бек кој во кариерата беше играч на Горење, Целје, Гепинген, Мелзунген и Рајн Некар Ловен денеска потпиша едногодишен договор со Металург. 
Рниќ во 2018 година се врати во Србија (Пролетер) за да се рехабилитира од повреда и да ја рестартира кариерата. Неговото враќање во Втора Српска Лига не треба да чуди ако се знае дека неговиот татко, истоименик, Момир Рниќ, на времето капитен на СФРЈ и најдобар светски дефанзивец во Пролетер има висoка функција во управата. 

Момир Рниќ е првото големо засилување за Металург, најавени се уште четири-пет играчи од негов ранг што ќе го напрват скопскиот клуб многу поопасен ривал и во домашното и во Лига Европа кон која цели клубот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk