ИХФ „избегна“ дискусија за Вајлд Карта

Советот на Светската Ракометна Федерација (IHF Council) одржа онлајн состанок на кој се дискутираше за повеќе теми, точки, но најважната (за нас) ја немаше. 

Се очекуваше по одлуката на ЕХФ евро-квалификациите за СП Египет да бидат откажани и 14 репрезентации службено да патуваат на СП, следниот потег да го одигра ИХФ, макар како дискусија на темата. 

Но, точка валјд карта на овој состанок немаше. А Советот на ИХФ се состанува вообичаено по двапати годишно. Следниот состанок, може да биде предоцна да расправа за Валјд карта, па во очекување сме како ИХФ ќе го решава ова за нас од исклучителна важност прашање. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk