Камион усмрти шведски репрезентативец

Шведскиот репрезентативец Фредрик Ларсон, загина во сообраќајна несреќа



Поранешниот шведски репрезентативец Фредрик Ларсон загина во сообраќајна несреќа во вторникот еден час после пладне, јавуваат шведските медиуми. 

Фредрик Ларсон додека го возел својот велосипед бил удрен од камион и починал на лице место. 

Ларсон има зад себе запишано настапи на Шведска на ЕП 2010 и СП 2011 одржани во Шведска. Има играно за најголемите шведски клубови во моментот, а во 2008 потпиша и за Кил. Тој договот беше раскинат, а Ларсон се пресели во Арагон, Шпанија. Подоцна заигра во Бундес лигата, но во Гумерзбах. Кариерата ја заврши во 2016 година по две сезони во кои имаше проблеми со повреди. 

Фредрик Ларсон имаше 36 години, имаше сопруга и две ќерки. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk