Maндалиниќ си оди од Берлин

Хрватскиот бек Стипе Мандалиниќ дели слична судбина со македонскиот репрезентативец Филип Талески



Хрватскиот бек Стипе Мандалиниќ и Фуксе Берлин продолжуваат секој на своја страна. Договорот е раскинат, хрватскиот бек како слободен играч во продолжение од корона сезоната ќе бара нова средина. 

„Ова е последица на корона кризата. Нема да биде единствениот, економската ситуација не принудува да бараме поинакви решенија“; изјави Боб Ханинг, менаџерот на Берлин. 

Германските медиуми додаваат дека на корона кризата, во случајот на Мандалиниќ се надоврзуваат и трансферите на Ласе Андерсон од Барса и на Мариан Михалчик од Минден. со нив двајца во тимот, улогата на Мандалиниќ во тимот ќе беше маргинализирана. 

Мандалиниќ во Берлин дојде од редовите на Загреб, почна добро, но потоа се повреди (лигаменти) и откако се врати во игра се бореше и со тактиката на тренерот и со последиците од повредата. Не успеа да се наметне, клубот во меѓувреме се договори со Андерсен и Михалчик и дојде до ваков расплет. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk