Двајца Словенци си одат, еден доаѓа

Централниот бек на унгарскиот тим Чурго, Клемен Цехте (фото) заминува од клубот и во потрага по трансфер со четири нули, ќе игра за клубот Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати. Тоа ќе биде неговото трето враќање на Блискиот Исток.

Од екупата на Чурго заминува уште еден Словенец, голманот Рок Запоншек следната сезона ќе ги брани боите на новиот француски прволигаш Сесон Рен. 

Чурго, сепак, нема да остане без Словенци. Десниот бек на Цимос, Грега Кречич доаѓа во Унгарскиот клуб. 

Крилото Оле Рамел дефинитивно си заминува од Кил. Тој е првото официјализирано заминување од црно-белиот табор.

Татран Прешов за следната сезона го ангажираше кубанскиот репрезентативец Павел Кабаљеро Хернандез. Тој досега играше за португалската екипа Хорта

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk