Еурофарм купуваше и од Вардар

Битолскиот клуб продолжува со ангажирањето на нови играчи. Новото име во тимот доаѓа од ривалот Вардар.



Откако го доведе Марио Танкоски од Металург и Еурофарм Пелистер донесе уште еден македонски играч во своите редови. 
Овој пат од редовите на другиот голем ривал - Вардар. 

Дејан Кукуловски, лев бек од генерацијата 98, во која во репрезентацијата играше заедно со Талески, Кузмановски итн. се сели во Битола. 
Кукуловски минатата сезона добиваше минутажа каква што добиваа и повеќето македонски играчи во Вардар. Во Лигата на шампионите постигна два гола, на натпреварот со Мотор. 

Со овој трансфер, во тимот на Е. Пелистер остана уште малку простор, на пивотменската и на позицијата лев бек..

Што се однесува до Вардар, ново заминување, во пресрет на периодот во кој се решава судбината на клубот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk