ЕХФ озакони: Сагосен со Кил, Македа со Веспрем во Келн

Извршната комисијата на ЕХФ (ИК) денеска го комплетираше пакетот мерки во корона сезоната.



Извршната комисија на ЕХФ денеска го комплетираше пакетот мерки за корна сезоната и следната. Клубовите во ЛШ, службено елиминирани во Топ 16, а такви се 10, ќе добијат компензација од солидарен фонд по 25.000 евра. 

Со оглед на тоа дека еден играч нема право по јануари да направи трансфер во друг клуб од ЛШ и да има право да игра, ИК денеска донесе поинаков „закон“. Секој играч има право да настапи на Ф4 за клубот за кој во тој момент има право да игра. 
Така Сандер Сагосен ќе го гледаме во дрес на Кил, Родриго Коралес во дрес на Веспрем, а истото важи и за играчите што немаат обезбдено Ф4, какви што се Криштопанс, Пранди, Гребил, Соле (ПСЖ), Македа, Шикраев, Маркусен (Веспрем), Јанц, Лангаро (Барса)... 

ИК На ЕХФ денеска официјалзираше и зголемување на пошириокиот список на играчи за репрезентации од 28 на 35 играчи. 
Тоа е најава дека ЕХФ ќе ги следи и имплементира промените што (ќе) ги воведе ИХФ веќе на претстојното Светско првенство. Тоа е пакет на мерки предвиден за да им се даде повеќе време за одмор на врвните играчи за време на шампионатитет. 

Промените што ги планира ИХФ се следниве: 
  • Репрезентацијата место 16 во ростерот ќе има 18 ракометари. 
  • Поширокиот список нема да биде со 28 туку со 35 играчи. 
  • Рокот за пријавување на тие 35 играчи нема да биде еден месец пред СП туку два. 
  • Место досегашните три замени, за време на СП ќе бидат дозволени пет. 
  • По секој натпревар, на репрезентацијата и следува задолжителен ден одмор. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk