Македонија доби и женски ЕХФ Шампионат

РФМ доби организација на уште еден ЕХФ Шампионат. Овој пат во женска конкуренција



Извршната Комисија на ЕХФ на онјалн состанок донесе уште неколку одлуки што беа прескокнати кога се носеше големиот пакет мерки за прекин на сезоната. 

Една од тие одлуки е и доделувањето на организацијата на младинските ЕХФ Шампионати и ЕХФ Еуро. 
Македонија ќе биде оргнизатор на женски ЕХФ Шампионат до 19 години во 2021 година. 
За РФМ ова добивањето на организација на настани стана е вообичаена работа и веќе не ни броиме колку првенства имало. ЕХФ Еуро до 19 години, пак ќе се одржи во Словенија. 

Покрај машкиот и сега женскиот ЕХФ Шампионат, главен настан за организација на РФМ ќе биде сениорското ЕП во 2022. Го организираме заедно со Словенија и Црна Гора, а ИК на ЕХФ одлучи да има само шест квалификациски групи, место вообичаените седум, со оглед дека има три домаќини. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk