За акцијата на голманот на екипата на Нант, Сирил Домулан, веќе пишувавме. Тој почна акција односно продажба на аукција на дресови и спортски реквизити со цел собраните средства да се донираат во борбата со корона. Резултатот е над сите очекувања
Соиграчот на Кирил Лазаров во Нант, голманот Сирил Домулан, откога корона кризата зема замав, почна со проект кој предвидуваше продажба на дресови и спортски реквизити на онлајн аукции, а средствата беа наменети за борба со корона вирус.
На почетокот беше скромно, веќе објавивме дека еден од највредните експонати беше дресот на Александра Лакрабер од Вардар, но потоа акцијата зема замав.
Се приклучија ракометари, рагбисти, фудбалери, велосипедисти и на крајот околу 1.100 примероци беа продадени. Сумата штпо Домулан ја собра е „фантастична“; над 300.000 евра собра францускиот голман за помалку од еден месец од својата акција.