И Црна Гора сака вајлд карта за СП Египет

Македонија не е единствената што сака на мундијал да оди со специјална покана од ИХФ


Откако ЕХФ ги откажа квалификациите за СП Египет 2021 и ги прогласи за учесници на СП најдобропласираните репрезентации од ЕП 2020, погледите на елиминираните и се насочени кон ИХФ кој има на располагање две вајлд карти.

Вкупно празни места на ЕП 2021 има четири. Двете валјда карти и два квалификациски турнира што поради корона се одложени и засега немаат датум. 
Едниот ќе се игра во Ел Салвадор и ќе има четири репрезентации. Чиле, Ел Салвадор, Гватемала и Никарагва.  Овој турнир е наречен „Последната шанса“, откако на официјалните квалификации немаше доволно екипи за се обезбедат три места што и припаѓаат на Јужна Америка.
Победникот оди на СП, а тоа извесно ќе биде Чиле кој на сите екипи им плаќа превоз и сместување само за да се одигра турнирот. 

Второто празно место е од квалификациите за Северна Америка и Кариби. Тој турнир треба(ше) да се одржи во Мексико. Главни кандидати се САД и Куба. Би сакале САД да победи, затоа што во спротивно, едната вајлд карта ќе оди за Американците. 

Според пооптимистичкото сценарио на ИХФ ќе му останат две вајлд карти за кои Македонија, ако се гледа пласманот на ЕП (според тој пласман и се квалификуваа 14 репрезентации) би требало да добие валјд карта.  

Но, треба да се има предвид и дека пласманот не мора да биде решавачкиот момент кога се доделува поканата. Вече рековме ИХФ едната ќе ја доддели на САД без разлика на кое место ќе бидат тие. Кој вели дека втората нема да ја добие на пример Кина? 

Кога во 2015 година, за СП Катар се делеа валјд карти се делеа според пласманот на ЕП. Но, тогаш беше „лесно“. Целта беше Германија да оди на СП, а таа беше најдобропласирана од ЕП (како што е сега Македонија). Потоа Исланд доби валјд карта пред Унгарија на база на пласманот. 

Заинтересирани за настап на СП има многу. Црногорските медиуми најавија дека и нивната федрација ќе бара валјд карта. Сигурно и Полска, Русија, нема што да загубат, па ИХФ ќе биде на мака. 
Наскоро ќе има смерница во кој правец ќе се движи политиката диригирана од Базел, па ќе имаме и поконкретни информации какви се нашите шанси да добиеме покана. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk