Десниот бек Невен Стјепановиќ и битолскиот клуб Еурофарм Пелистер потпишаа нов договор со кој босанскиот интернационалец се обврза да остане во овој клуб до летото 2021.
Стјпеновиќ се повреди и беше опериран кон крајот на минатата година и неговиот процес на рехаблитација се ближи кон крајот.
Би требало целосно фит да ги почне подготовките за новата сезона.
Претходно Марио Танкоски потпиша за битолчани, а од екипата заминуваат Јотиќ, Шевељов и Остроушко.