Кој ќе игра во ЛШ следната сезона?

Ако се гледаа последните три сезони, за ЛШ посебно, за другите купови посебно, Македонија требаше да има два претставника во ЛШ следната сезоа. Но, се бодуваа сите купови заедно, па сега Германија има два клуба во ЛШ, иако во последните три сезони не ни помирисаа Фајнал Фор. 



Следната сезона во ЛШ и Лига Европа (ЛЕ) клубовите ќе добиваат значително повеќе пари од ЕХФ. Загарантирани им се 210.000 евра за гостувања, плус за секој бод по 5.000...  Тоа значи дека од овој колач ќе сакаат да гризнат сите и дека наскоро ќе почне да се прави нова елита што ќе сака да се одвои од другите.

Како ќе изгледа следната ЛШ? 
Девет клуба според рејтинг, плус еден од државата со најдобар рејтинг, рековме - Германија. 

Германија - Кил и Флензбург
Франција - ПСЖ
Македонија - Вардар
Унгарија - Веспрем
Шпанија - Барса
Полска - Келце
Данска - Алборг
Хрватска - ППД Загреб
Португалија - Порто

* Во некои држави се уште не се прогласени шампиони

Ова се десетте клуба што треба сигурно да играат во ЛШ следната сезона. Следните шест треба да се одберат според неколку критериуми. А тоа подразбира буџет, сала, тв преност, близина на аеродром, сместувачки капацитет, публика и ред други. 

Според рејтингот следуваат Белорусија, Украина, Шведска, Романија, Швајцарија, Норвешка, Русија, Словачка... 

Но, за следните шест не важи рејтингот. Ќе добиваат покана.
ПИК Сегед сега плука отров, но брзо ќе се смири со изјавите кога ќе добие вајлд кард. Одамна се збрува дека тоа е готова работа. Нант од Франција исто. Ако се обистини ова веќе имаме 12 клуба. 
Остануваат уште четири празни места а ги имаме Магдебург, Висла Плоцк, Монпеље, Мешков Брест, Динамо Букурешт, Целје... Ќе имаме ли ЛШ без Русија и Украина? 

Првата сезона по корона на сите ќе им требаат пари, па борбата во ЛШ веќе нема да биде тривијална. Да се потсетиме како ќе изгледа наградниот фонд на ЕХФ следната сезона во Лигата на шампионите. 

Распределбата на парите ќе биде следнава:
30.000 евра за секој клуб по натпревар на гостински терен во групната фаза, плеј оф и 1/4 финалето.
5.000 евра за секој бод освоен во групната фаза.
7.500 евра за секој бод освоен во плеј оф
10.000 евра бод освоен во 1/4 финалето
30.000 евра за екипите што бидат прво и второ место во групите
50.000 евра за пласман на „Ф4“
800.000 евра ќе делат екипите што ќе играат Ф4. На шампионот ќе му биде минусирана од сумата од 1.000.000, а другиот дел ќе го делат 38,3 % за финалистот, 33.3 за третопласираниот и 28.3 % за четвртопласираниот тим. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk