Металург чека крај, па да почне да работи

Брзиот подем на Е. Пелистер, Вардар од пиедесталот од Келн, нов тандем на сехалигаши го оставија Металург во длабока сенка минатата сезона. 
Но, работите се на пат да се променат...



Металург уште во февруари реши да ја жртвува овса сезона и место да се трка со Е. Пелистер и тогаш сеуште силниот Вардар, акцентот беше ставен на расчистување на својот двор. 

Долговите за кои мислевме дека никогаш нема да бидт расчистени се во добар дел подмирени. Сметката одлобкирана и ако немаше кочница од коронавирус досега требаше да биде на 0-0. 

Но, тоа ќе биде решено тогаш кога ќе биде, сега е на ред наредната сезона. Вардар е во големи проблеми, проблеми што се пишуваат со шест нули, девизни. Не се знае како ќе изгледа клубот наредната сезона, во опција се повеќе комбинации. 

Е. Пелистер се ослободи од двајца скапи, но и нивни најдобри ракометари и го доведе Танкоски. Сега треба шопинг за да стигне до ланското ниво, а треба да одат погоре. 

И додека сите го гледаат и натаму како клуб на ранг на кој е на пример Охрид и не го земаат премногу сериозно, еве го Металург како излегува од сенка. Преговараат со неколку играчи, со двајца се бллиску до потпис. Тоа ќе биде реперот за како ќе изгледа тимот следната сезона. 

Клубот чека „Крај“ на сезоната од РФМ, распределба на местата за Европа и потоа да ги засука ракавите и да ги решава сите свои работи. Ќе потрае тоа уште неколку дена, Зоран Кастратовиќ кој останува тренер, има уште малку време за размислување. Странците се заминати, нив немаше потреба да ги задржуваат.
Единствено Милан Поповиќ кој има мало дете и не му практично и него да го носи во карантин во Црна Гора е останат овде. 

На неколку играчи им истекува договорот. На некои ќе им биде понудена соработа, на други не. Замина Марио Танкоски, но тој и така не беше во плановите на Металург за следната сезона.
Според најавите, од Автокоманда, но и во зависност од конкуренцијата, оваа сезона треба да се прва во враќањето на Металург на сцена, како сериозен играч. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk