Бундес алтернативи: 3х15 мин, турнири, диригирана ждрепка...

Педантните статистичари пресметаа дека следната сезона, доколку се биде во ред, еден репрезентативец од Кил би одиграл 102 натпревари во сезоната.
Тоа е сериозен број на натпревари што треба да го изнесат 16 ракометари. И тако се се „идеално“ и нема нови одложувања на натпреварите. 

Боб Ханинг, менаџерот на Берлин, е еден од алфа личностите во германскиот ракомет. Тој вчера предложи и некои алтернативни решенија, што ако ништо повеќе е показател дека Германија рзмислува чекори напред. 

Боб Хенинг предложи, ако Бундес лигата не почне во предвидените термини и има нови одложување и збивање на календарот, место 2х30, да се игра 3х15 минути. 

Втората идеја е да се играат турнири кога ќе биде тоа изводливо. 

Третата е да има полудиригирана ждрепка, па на пример кога Берлин би гостувал а северот на Германија, да ги одигра врзано натпреварите со Кил и Флензбург на пример за да се скрати од патувањата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk