Шампионот Вардар е елиминиран од ЛШ!

Извршниот Комитет на ЕХФ денеска донесе одлука за завршување на Европската сезона 2019-2020. Актуелниот европски првак е детронизиран, но нов нема да има до декември



Вардар нема да ја брани шампионската титула во продолжението на Лигата на шампионите, која годинава, поради коронавирус, од Групната фаза директно оди на Фајнал Фор. И тоа турнир што ќе се игра во декември. 

Барса и ПСЖ од Групата 1 и Кил и Веспрем од Групата 2, како најдобропласирани екипи по одигрувањето на групната фаза од Лигата на шампионите ќе одат директно на „Ф4“ турнирот во Келн. Стите други екипи што требаше да играат 1/4 финале и потоа 1/4 финале се елиминирани поради неможноста да се одиграат овие натпревари. 
Неколку недели е познато ова сценарио и клубовите веќе се навикнаа и сакале-нејќеле мораа(т) да го прифатат моделот што го предложи Виена. 

Вардар во 1/8 финалето требаше да игра со ПИК Сегед, а вкупниот победник од овој дуел, во 1/3 финалето да игра против Веспрем. 

Откажани се и сите други купови, нема да одигра ниту „Ф4“ во ЕХФ Куп. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk