ГЕОРГИЕВСКИ: Јас не сакам да играм, но кој не прашува?

УО на романската федерација одлучи да се доигра првенството. Ракометарите не сакаат да играат. Гоце Георгиевски за g-sport.mk разкажува што им се случува таму. 



УО на Ракометната федерација на Романија донесе одлука да се доиграат првенствата без публика. Почнувајќи од 31 мај. За тоа време, клубовите треба да ги соберат играчите, тие што мораат во карантин да минат 14 дена во изолација, потоа да истрчаат на терен. Тоа ги разбранува страстите и ракометарите не сакаат да играат. 
Осум клуба се изјаснија дека не сакаат да играат. Оваа бројка ќе се зголеми, не се изјасниле сите. 

Алин Саниа, како претставник на ракометарите за Проспорт изјави дека играчите не сакаат таков ризик. Ризик од повреди, ризик од коронавирус. Посебно затоа што осигурителните компании не признаваат ништо поврзано со коронавирус. Ако федерцијата остане на својот став, тогаш играчите ќе треба сами да решат дали ќе играат или нема. 

Македонија има неколку играчи во Романија, го контактиравме Гоце Георгиевски - Џомба, сениорскиот репрезентативец. Тој вели дека не сака да игра. 

„Лично јас не сакам да играм, ама кој ме прашува мене т.е нас играчите?
Федерацијата без да се консултира со клубовите си носи свои одлуки, а сите знаеме какви се тие. Ние сме само едни пиони и преку нашиот грб сакаат да профитираат,. Јас се уште се надевам дека нема да се игра. Сега чекаме нашиот клуб да излезе во јавност, да видиме како е нивниот став“, вели Георгиевски. 

Дури и да се игра, првенството нема да личи на ништо. 

„Нема никаков смисол да се игра. Два месеца да седиш дома и за три дена да одиграш три натпревари турнирски, навистина нема никаков смисол. Особено кога веќе знаеш кои се прво и второ место. Да не зборувам како е кај жените, дури нив, каков распоеред им наметнаа, на секои три дена натпревари. Премногу ризик, за ништо“, изјави за g-sport.mk, крилото на македонската репрезентација. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk