Медитеранските Игри одложени за една година

Меѓународниот Комитет на Медитеранските игри реши да ги помести игрите во Алжир за следната година.



Медитеранските Игри во сениорска конкуренција на кои е застапен и ракометот, а на кои Македонија стана редовен учесник и тоа со две репрезентации, се поместени за една година.
Годинава Медитеранските Игри требаше да се играат во Алжир од 25 јуни до 5 јули, во Оран, градот во кои македонските јуниори имаа забележителен настап на СП во 2017.

Игрите се поместени за една година, датумот останува ист, но овој пат ќе се поклопи со празнувањето на 60 години од независноста на Алжир. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk