ТРАНСФЕРИ: Бужан, Ракотеа, Урбан...

Францускиот тренер Фредерик Бужан, познат по своите епизоди како тренер на Ростов на Дон и на женската репрезентација на Сенегал, е назначен за нов тренер на францускиот клуб Шербур. 

Екипата на Шарт (победник на струшки турнир) најде замена за Романецот Дан Емил Ракотеа. Тој се враќа од позјамица во Веспрем, а на неговото место доаѓа Словакот Лукас Урбан. Тој, пак, се рехабиитира од повреда на лигаменти, но ќе биде спремен за наредната сезона. 
Шарт продолжи договор и со Никола Јукиќ, играч од позицијата десен бек. 

Поранешниот играч на ПСЖ, сега на РНЛ, Јеспер Нилсен следните шест месеци ќе ги мине во рехабилитација по операција на рамето. Тој се повреди на ЕП 2020, а корона паузата му е „добредојдена“ за да не загуби од натпреварувачиот дел. 

Клемен Годен син на прославениот француски голман Кристијан Годен и Дариус Макариа си заминуваат од екипата на Ница. Годен оди во екипата на Истра, а како замена доажа 23 годишен Исланѓанец, Гретар Ари Гудјонсен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk