Нов клуб за Габонецот на Пелистер

Черубин Табанге, ракометарот од Габон што играше за Пелистер следната сезона ќе игра во втората по сила лига во Франција



Черубин Табанге е еден од ракометари кои успеаја преку македонски клуб да скокнат до Европа. Репрезентативецот на Габон по заминувањето од Битола се пресели во Франција каде потпиша за екипата на Сен Фло, а следната сезона ќе се проба и во Пролигата, втората француска дивизија, како член на екипата на Шербур. 

За овој трансфер, покрај одличната статистика, најзаслужен е и селекторот на Габон, легендарниот француски ракометар Џексон Ричардсон. Тој е селектор на Габон од 2017, а Табагне е негов штитеник во Франција. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk