Најпознатата руска ракометарка стана мајка

Најпознатата руска ракометарка, Људмила Постнова,  ја прекина (привремено) кариерата во 2019 година за да се посвети на семејството. Не пропушти многу во корона сезоната. Денеска објави дека на свет донесе машко дете. 



Људмила Постнова (35) дојде со новиот бран на руски ракометарки кои ги заменија некогаш „страшните“ Поленова, Полторацкаја, Чаусова... 
Заедно со Ирина Близнова која игра на позиција десен бек ја одонесе Русија до три злата на Светски првенства, а има играно и три сребрени финалиња, на ЕП, ОИ и ЛШ.  Играше за Лада Тољати (-2009), Звезда Звенигород (2010-16) и од 2016 за Астраханочка. 

Нејзниот сопруг Георги Зајкин, е тренер на машката екипа СКИФ Краснодар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk