Крај на кариера за двајца Исланѓани

За два дена, еден од друг, двајца познати исландски ракометари објавија крај на кариерата. 



Вигнир Сваварсон (39) и Асгеир Орн Халмгримсон (36), двајца ракометари од златната ера на исландскиот ракомет, последно на Хаукар, решија да ја завршат кариерата и тоа го објавија ден по ден.
Сваварсон е играч од позицијата пивот и македонските репрезентативци сигурно имаат по некоја лузна како спомен од него, со оглед на тоа дека тој беше еден од главните дефанзивци на исландската репрезентација. Има играно за Лемго, Хановер, Минден, Митјилан, Холсебро... 

Асгеир Орн Халгримсон е десен бек што добар дел од кариерата ја мина во сенка на Олафур Стефансон, но и самиот изгради одлична кариера играјќи за Лемго, Хановер, ГОГ, Нимс, а фати малку и од катарската ера во ПСЖ (2012-2-14). 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk