Екипата на ЦСКА Москва, довчера позната како Спартак Москва продолжува да склопува тим за следната сезона.
Сехалигашот Спартак Москва, сега познат како ЦСКА Москва по годинешното фијаско во Европа и СЕХА, продолжува со склопување на тим за следната сезона.
По Киреев, Сорока, Атман, Јанима, Жуков и Иљченко, во редовите на московскиот клуб пристигнува и Олег Астрашапкин.
Белорускиот леворак бек има играно за Машека и Мешков Брест пред во 2015 година да замине во унгарски Вац, подоцна во Чурго. Тој беше најавен како засиливање за Спартак, но трансферот дури денеска е потврден низ руските медиуми.