СП Египет е доведено во опасност?

Неодамна ИХФ објави информација дека е можно мало одложување на Светското првенство доколку биде потребно. Како минуваат деновите, се чини дека ќе биде. 



Светската ракометна федерација засега нема намера да менува датум, уште помалку организатор на Светското првенство 2021, иако нуз кулоарите слушнавме и за едната и за другата опција. 
Со оглед на тоа дека претседателот на ИХФ е од Египет, веруваме дека додека не се исцрпи и последната и најамала шанса мундијалот да се игра во Египет, ќе се стои на таа одлука. 

Но, за сметка на таа шпекуклација, што во моментов не ја земаме премногу сериозно, можноста СП да биде поместено или одложен е сосема реална, а допрва ќе почне пребројувањето дали ќе се одржи на време. 

Египет гради неколку спортски објекти со намена за СП 2021. Почнати се во 2018, рокот за завршување беше октомври 2020. И пред корона Египет не ја имаше вистинската динамика, а сега веќе пробивањето на роковите е реалност. Поради корона почна да се доцни со изградбата, а токму и тоа беше наведено како проблем што може да го одложи СП,

Египет нема многу заболени од коронавирус. Тие до денеска имаат пријавено 3.150 заболени (234 починати). Тоа за држава од околу 98 милиони е минорен процент. Но, прашање е дали е ова вистинската бројка затоа што Египет има тестирано во просек 535 лица на 1 милион популација. Македонија на пример има тестирано над 5.000 на 1 милион. Згора на тоа денешната пријава на околу 190 нови случаи е рекорд, што значи дека бројката допрва ќе се зголемува, а со тоа и рестриктивните мерки ќе се засилат. 

Ќе стигне ли Египет навреме да ги изгради објектите? Тоа зависи од корона, прашањето е што ако не стигне? Колкаво одложување може да си дозволи ИХФ во сезоната во која се повеќе се трупаат настани, а уште има и Олимписки игри закажано за август 2021?


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk