Гаспром останува во СЕХА, Ф4 во септември?

Сезоната во СЕХА Гаспром лигата не е за вршена. Потпретседателот на Лигата, Борис Запожњиков во интервју за Брз Центар мешу другото даде одговор на две важни прашања. 




СЕХА Гаспром не е завршена, но засега нема датум кога би се одиграле двата преостанати натпревари од 1/4 финалето и Фајнал Фор турнирот. 
Завршниот турнир треба(ше) да се игра во Задар, но непосредно пред да завршат 1/4 финалните дуели, (на еден од нив актер е и Вардар против Нексе) се распламти пандемијата  турнирот отиде во мирување. 

Една идеја е Фајнал Фор турнирот да се игра во август. Но, доколку тогаш не постојат услови за патување и играње, тогаш крајот на септември ќе биде алтернатива. Во секој случај, СЕХА Гаспром планира „Ф4“ да се одржи пред тој на ЕХФ, а тој е закажан пред Нова година.
Точниот термин ќе биде закакажан откако ЕХФ ќе се произнесе околу крајот на сезоната (24 април), а потоа и федерациите со своите планови. И таму има промени, на пример во Македонија, Вардар и Е. Пелистер ќе се вратат во домашниот шампионат. 

Другата многу важна работа што ја потврди Запожњиков е дека коронапандемијата нема да влијае врз односите Гаспром - СЕХА. Руската компанија ја смета СЕХА за еден од „своите“ најуспешни продукти и партнерството ќе продолжи и низ овие тешки времиња. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk