БЛИЦ ВИДЕО: Кога летаат македонските цепелини

Во време на корона ги отвораме ракометните архиви. G-sport.mk избира и ве потсетува на најинтересните моменти од ракометната историја.  Велигденските празници вo соработка со HandballMKD01 решивме да ги збогатиме со неколку врвни специјалитети на македонската репрезентација - цепелини. 

 

Македонската репрезентација во последните години почна да го менува својот стил на игра и имиџ. Иако не можеме да се пофалиме со брз ракомет, можеме да се пофалиме дека позициски имаме акции што се вредни да се најдат во најавните шпици и со кои може да се гордее и ракометот како спорт. 
Цепелин, како еден од специјалитетите на македонската репрезентација ги имаме сервирано не само на послаби тимови, туку и на репрезентации како Шпанија, Франција, Германија... Уживајте во видеото што за Вас го подготвивме во соработка со HandballMKD01





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk