Томовски се спаси од испаѓање, Кил шампион, Берлин „лузер“

Бундеслигашките клубови полека се спремаат за крај на сезоната. Како ќе изгледа табелата? Кој добива, а кој губи?



Вторник се чини ќе биде денот кога Бундес лигата ќе ја донесе одлуката дали ќе го заврши првенството или ќе чека подобри денови и ќе продолжи кога (ако) има услови за тоа.

Кил ќе биде крунисан во нов шампион. Нема да има испашање, па така Лудвигсхафен, тимот на Мартин Томовски ќе остане во елитата и следната сезона. Тие и лани се извадија по сценариот на врвни мајстори на трилерот, годинава корона беше на нивната страна. 

Најголем губитник ќе биде екипата на Фуксе Берлин. Тие во моментов се подобропласирани од РНЛ и го имаат последното место за Лига Европа. 
Но, тие имаат и натпревар повеќе од РНЛ, па ако се земе предвид не моменталната состојба, туку просекот, тогаш РНЛ би бил пред нив. 

Бундес лигата би изгледала вака: Кил (шампион, ЛШ), 2. Флензбург (ЛШ), 3. Магдебург (Лига Европа), 4. Хановер (Лига Европа), 5. РНЛ (Лига Европа), 6. Берлин, 7. Мелзунген...10. Вецлар (Миркуловски), 12. Штутгарт (Пешевски), 16. Балинген (Талески), 17. Лудвигсхафен (Томовски). 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk