БЛИЦ ВИДЕО: Како Манасков ја однесе Македонија во главна рунда

Во време на корона ги отвораме ракометните архиви. G-sport.mk избира и ве потсетува на најинтересните моменти од ракометната историја. Вечерва ве носиме во Краков во јануари 2016. 

Беше да се биде или не. Македонија и Србија играа во последното коло од прелиминарната рунда од ЕП. Победникот оди во втора фаза, поразениот - дома. 
Нерешено и одговараше на Македонија поради вкупна гол разлика и тоа благодарение на тоа што Србија два дена  претходно, иако имаше само минус три со Франција на полувреме, реши да чува сили за Македонија, ротираше играчи и на крајот загуби со 10 гола разлика. Поради тој резултат Македонија имаше подобра вкупна гол разлика. 

Последна минута, Дарко Ѓукиќ погодува за 27-26 за Србија, а Македонија има малку време за напад. Лазаров до Миркуловски, Миркуловски до Манасков, Манасков очи во очи со Дарко Станиќ и Македонија отиде во главна рунда.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk