БЛИЦ ВИДЕО: Како влезе Металург прв пат во ЛШ

Во време на корона ги отвораме ракометните архиви. G-sport.mk избира и ве потсетува на најинтересните моменти од ракометната историја. Овој пат во соработка со HandballMKD01 ве носиме во Тел Авив во септември 2011. 

По „киксот“ една година претходно во Порто, Металург во финалето на квалификациите играше со Хаслум од Норвешка. Во првиот дел Металург „везеше“ на терен. На полувреме 14-9. Колегите новинари од Израел, веќе пружаат рака да честитаат и се чудат зошто не се слави. 

Во вториот дел, бековите Ерлинд Мамелунд и Кент Робин Тонесен почнуваат друга игра.
„Ги сменија сите шутеви. Ниту еднаш не шутнаа како во првиот дел“, изјави Дарко Станиќ по натпреварот.
На линијата игра Ејнар Корен (Ригелут) и никој не може да го задржи. Во 60 минута на семафорот е 28-28. Ако дојде до продолженија, Хаслум ќе има крилја...
Иако Жарко Марковиќ беше најдобриот стрелец, во последниот напад се играше друга сигурна варијанта.Мојсовски повлече на десно, отвори простор за Миркуловски и тој погоди за 29-28. Тајм аут за Хаслум, напад, шут на Мамелунд блокиран од Велко Маркоски и Металург за прв пат во ерата на Лино Червар влезе во клупската историја влезе во група од Лигата на шампионите. 





Следната сезона, одново се сретнаа Металург и Хаслум (без Мамелунд и Тонесен) во квалификациите за ЛШ и тоа во Норвешка. Победи Металург со 10 гола разлика (30-20). 

Металург и претходно во 2006/07 и 2008/09 влезе во групната фаза, но сезонава за која пишуваме ја одвоивме како прва затоа што означи нов почеток, нова ера во која Металург не беше тим за спотер во ЛШ туку редовно се пласираше во следната фаза од групата. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk