БЛИЦ ВИДЕО: Магијата на Миркуловски и Димовски

Во време на корона ги отвораме ракометните архиви. G-sport.mk избира и ве потсетува на најинтересните моменти од ракометната историја. Овој пат со HandballMKD01 го одвоивме за вас малото ремек дело на Филип Миркуловски и Ванчо Димовски во Горажде 2005 на дуел со БиХ. 

Мируловски тогаш 22 годишен играч и Димовски тогаш 26, се уште немаа „забетонирано“ место во националниот тим. Но, на постарите не им одеше, БиХ водеше со шест гола разлика, па Стојан Петрушевски во игра ги внесе „помладите“ а тие со серија од 4-0 се доближија на само два гола.  

БиХ го доби тој дуел со 34-30, во Македонија беше нерешено (28-28), но и двата тима продолжија во плеј оф каде што беа елиминирани од Унгарија и Норвешка. 

Погледнете го голот што е еден од најубавите постигнати од македонската репрезентација. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk