БЛИЦ ВИДЕО: Кога на Лазаров му „пука“ филм

Во време на корона ги отвораме ракометните архиви. G-sport.mk избира и ве потсетува на најинтересните моменти од ракометната историја. Овој пат со HandballMKD01 го одвоивме за вас моментот кога на Кирил Лазаров му „пукна“ филмот на СП Хрватска. 

Не е никаква тајна дека многу селектори кога играле против Македонија имале едноставна тактика во дефанзивата. „Фати го Кире“. Но, тоа е полесно да се каже отколку направи, па многу често тактиката беше „Удри по Кире“.  Неколку репрезентации со кои сме се среќавале имале и играчи специјализирани за таа намена. Германците како таков, пред времето на Фин Лемке, го имаа Оливер Рогиш. Тој постојано беше на врат на Лазаров, а во еден момент и на Лазаров му дојде преку глава, но не Рогиш, туку Доминик Клајн доби лакт во лице, откако се влечеше по Лазаров. Потоа Клајн „драмеше“ на терен небаре бил удрен од Мајк Тајсон, но сеедно, му мина глумата и Лазаров доби црвен картон. 

Лазаров и Клајн подоцна станаа соиграчи во Нант пред лани Клајн да ја заврши кариерата. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk