Нема титула за Манасков, Унгарија множеше со нула

Денеска беше прогласен крај на сезоната во Унгарија. Дејан Манасков и Веспрем останаа без шампионска титула, а Пик Сегед ќе мора да се помири со улогата и догодина да брка, а не да брани титула. 

Унгарија реши да го поништи првенството. Нема шампион, нема испаѓање од Лигата, нема промоција на нови клубови. Тоа е моделот што решија да го следат и одлуката е прифатена мирно. 
Останува да видиме како ќе ги поделат местата за Европа следната година. 

Вардар во 1/8 финалето на ЛШ треба да игра со Пик Сегед, а ако го елиминира, во 1/4 финалето против Веспрем. Но, се помали се шансите да се играат овие натпревари и ако остане на сила планот на ЕХФ, тогаш до 15 мај треба да се реши дали ќе се прекине сезоната, односно дали ќе биде откажано 1/8 финалето во ЛШ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk