Бразил го отпушти селекторот

Бразилската ракометна конфедерација, му врачи отказ на селекторот на машката репрезентација, шпанскиот тренер, Даниел Гордо.

Гордо на чело на бразилската репезентација беше само четири месеци и беше планирано да го води Бразил во квалификациите за ОИ и следствено на ОИ Токио доколку успеат да се пласираат. 

Но, корона ги одложи квалификациите за ОИ, а во Бразил турбуленциите не се смирени (афери за корупција) и во нивното ново секојдневие, веќе немаше место за шпанскиот тренер. 

Дани Гордо не останува без работа, тој во Шпанија ја води екипата на Нава. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk