ТРАНСФЕРИ: Бенфика отпушти пет играчи

Откако Бенфика не успеа да го загрози Порто во домашниот шампионат, управата на клубот по ек на корона кризата реши да им се заблагодари на пет играчи. 
Левите бекови Нуњо Грило и Фабио Видраго, десниот бек Давид Карваљо, централниот нек Рикардо Пешеира и шпанскиот дефанзивец Карлос Молина се играчите што заминуваат од Бeнфика. 
Клубот веќе почнал преговори со потенцијални засилувања, е се шпекулира дека и позицијата на тренерот Карлос Резенде е решена. Од поодамна е актуелно дека Чема Родригез ќе биде новиот тренер, а Резенде дека оди во Гаја. 

Бенфика објави пет заминувања, а геманскиот второлигаш Ајзенах дури седум. Но, Германците се пофалија и дека потпишале со двајца репрезентативци на Австрија - Даниел Дикер и Томас Ехбергер.

Украинскиот шампион и учесник во СЕХА Гаспром, Мотор Запорожје, купуваше во Минск. Пикерот Вјачеслав Бохан е нивно ново засилување. 

Тримо Требње го ангажираше, односно го врати во својот тим бекот Жан Гројздек, а од клубот заминува Адам Сеферовиќ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk