БЛИЦ ВИДЕО: Македонците се во градот! Ниш 2012

Во време на корона ги отвораме ракометните архиви. G-sport.mk избира и ве потсетува на најинтересните моменти од ракометната историја. 

За денеска го одбравме прилогот на ЕХФ за македонските навивачи во Ниш 2012. Сите знаевме дека ќе не има многу во Ниш, никој не знаеше колку и каков амбиент ќе биде во „Чаир“. 
Некаде околу 15 минута од мечот Германија - Чешка, што се играше пред Македонија прв пат да истрча на терен, во „Чаир“ се слушна „Излези момче“...Во сите страни на салата во тој момент имаше мали групи. До полувреме салата беше полна, а кога прв пат вистински згрме во салата со со кренати рамења и збунети погледи се вртеа и домашните Срби, долу Германците и Чесите, а и Швеѓаните кои играа против Македонија истрчаа порано од соблекувалните да видат што се случува. 
Ако кога на терен излезе Македонија ... химната можеше да се слушне до Скопје. 

Се потоа е историја... 


 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk