Хрват ќе го менува Ангелов во Ратинген

Петар Ангелов Диви не ја заврши сезоната до крај во германскиот тим Ратинген и се врати во Македонија каде што заедно со бекот Ѓуро Мујиќ осетно го засили скопскиот тим Тинекс Пролет. 
Ратинген, пак, каде што тренер е Аце Јоновски, а на бековската линија игра Филип Лазаров, денеска објави дека потпишале договор со нов чувар на мрежата за следната сезона.

Ратинген ќе биде многу поамбициозен догодина, затоа што веќе го доведе десниот бек Роберт Маркотиќ од Штутгарт, а сега го промовираше и голманот Денис Кариќ. 
Овој 30 годишен Хрват доаѓа од екипата на Ајзенах и треба да ја врати на ниво голманската статистика по заминувањето на Ангелов. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk