Зорман замина од Келце

Словенецот Урош Зорман, по седум години минати во познатиот клуб Келце, заминува од Полска и се враќа дома во Словенија. 
Оваа информација веќе беше медиумски лансирана, но дури денеска полскиот шампион потврди дека се разделува од Словенецот кој откако ја заврши играчката кариера, му асистираше на Талант Душебаев. 

Најсериозен кандидат за негов наследник е Криштоф Лијевски, се уште активен ракометар на полскиот првак. 

Урош Зорман откако влезе во тренерски води, стана и асистент на Веселин Вујовиќ додека тој беше селектор на Словенија. Минатата година беше сериозен кандидат за тренер на Вардар. Практично се беше договорено, но во последен момент Вардар се предомисли и го доведе Давид Писонеро за прв тренер.

Заминувањето на Зорман од Келце е повврзано и со наводна понуда од екипа од Балканот што игра во Лигата на шампионите. По систем на елиминација, откако отпаднаа Вардар и ППД Загреб, единствен во игра остана Целје Пивоварна Лашко. 
Но, Зорман можеби по ланското „горење“ со Вардар, годинава дува и во маќеницата, па ќе почекаме за потврда за следниот трансфер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk