Дибиров: Имам понуди, но ќе чекам

Тимур Дибиров, вечерва во интервју пренесувано во живо на Балкан Хендбал, одговори на прашањето што најмногу ги интересира навивачите на Вардар и спортската јавност во Македонија. Дали останува, какви се неговите планови за иднина, дали има понуди...

„Имам понуди, се интересираат за мене екипи што играат во Лигата на шампионите, но да бидам искрен, дека имам понуда за која би можел да кажам дека е 50-50 за да одам од Вардар или да останам - немам. 
Ќе чекам, ќе бидам тука до крајот и ќе видиме. Нема да дојдам во лоша ситуација со многу чекање, знам дека ќе биде добро, беше така кога имав 20 години, така  и сега кога ќе полнам 37“, изјави Дибиров. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk