Алборг и Есбјерг се шампиони на Данска

Данска реши да го следи примерот на десетина земји што решија да го прекинат првенството. Данците долго мереа и премеруваа, сметаа приходи и загуби и на крајот решија дека најисплатливото решение им е да го прекинат шампионатот.

Нов шампион во машка конкуренција е Алборг. Тие ја одбранија титулата пред ГОГ. Алборг и на табелата имаше предност од 42 наспроти 34 бода на ГОГ. Трето место и втор тим за Лига Европа им е Холстебро, четврт е Бјерингбро. 

Во женска конкуренција Есбјерг е шампион, а Хернинг како освојувач на Куп ќе игра во ЕХФ Куп (Прва екипа од Данска) второпласираниот Одензе како втора екипа во ЕХФ Куп, а Виборг како трета данска екипа во Европа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk