Скубе се сели во познат клуб

Словенечкиот централен бек кој одигра многу важна улога во освојувањето на втората евро-шапионска титула на Вардар, Сташ Скубе се сели во нова средина. 

Скубе вчера објави дека на лето заминува од Вардар, а потоа лошо чувана тајна беше неговиот следен клуб. 
Иако на словенечките колеги им најави дека името на новиот клуб ќе го објави до крајот на неделава, веднаш стигнаа информации од солидни извори дека неговиот нов клуб е белорускиот шампион Мешков Брест. 

Договорот на Скубе со Белорусите е на две години. Очекуваме како што најавил, до крајот на неделата да го потврди овој трансфер. 

Во една работа, пак, Словенецот беше сосема во право. Патиштата наскоро повторно ќе им се вкрстат, ако не во ЛШ, тогаш сигурно во СЕХА Гаспром.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk