Ништо од 50:50, Скубе објави дека заминува

Пред само неколку дена, во „живо,“ за Балкан Хендбал, Словенецот Сташ Скубе велеше дека шансите да остане во Вардар се 50-50. 
Денеска на својот Инстаграм профил, објави дека заминува од Вардар, на крајот на сезоната. 

Словенецот се заблагодари на шансата што ја доби во Скопје, освојувањето на Лигата на шампионите минатата година ја подвлече како посебен настан, а на Вардар му посака се најдобро. 

“Заминувам од Скопје на лето, но сигурен сум дека патиштата повторно ќе ни се вкрстат“, напиша Скубе. 

Скубе во Вардар дојде како последица на домино ефект што се случи во Келце. Таму откако снемаа пари во едне момент, мораа да се откажат од услугите на Дејан Бомбач. Тренерот на ПИК Сегед каде што играше Скубе, веднаш го прифати Бомбач во својот тим, а на Скубе преку Скајп му соопшти дека е слободен играч. 

Кратко потоа, Скубе пристигна во Вардар и во тандем со Игор Карачиќ од централната бековска позиција до донесе Вардар до втора шампионска титула во ЛШ. 

Скубе постојано беше тема за заминување, па последнава година го „видовме“ во дресот на ПСЖ, Хановер, Берлин и Мешков Брест. 
До крајот на неделава официјално ќе се знае и неговата следна дестинација.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk