Италија НЕ го прекина првенството!

Италија, земјата што има над 130.000 заразени со вирусот и бројка од околу 16.000 жртви, реши да не го прекина првенството во ракомет.
Италијанците се надеваат дека во периодот од 1 до 7 јуни ќе се отвори можност да можат да играат. Ако се случи тоа, ќе се игра Фајнал Фор турнир и во два дена ќе ги добијат шампионот и екипите за европските натпреварувања. 

Во случај да нема услови да се игра, шампион во машка конкуренција ќе биде Конверзано (според резултатите во сезоната), а во женска конкуренција титулата ќе ја земе Јоми Салерно. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk