Дали е ПИК Сегед последна пречка пред Келн?

Овој пат не е провоаприлска, се отвора можност Вардар до Келн да стигне само со еден двомеч, со ПИК Сегед. Вториот противник за Фајнал Фор, на хартија Веспрем би го чекал во Ланксес Арена на 60 минути до „Ф4“.

ЕХФ изготви и објави физибилити студија како решение за речиси пропаднатата сезона во ЛШ и Европските Купови. 
Виена одреди крајни датуми (15 мај и 5 јуни) во кои има простор да се одиграат натпреварите од 1/8 и 1/4 финалето во ЛШ. Ако нема услови за тоа ќе има службени елиминации и промоции со краен епилог Фајнал Фор турнир на крајот на август за мажи, односно првата недела од септември за жени. 

Идејата како крајно решение може да опстане, но во меѓувреме се роди идеја која стана многу поприфатлива за сите екипи. Посебно тие што ги чека службена елиминација. 

Талант Душебаев во интервју прв ја промовираше, но од тој момент стана и опција позади која стојат се повеќе екипи, а последните информации се дека и ЕХФ ја разгледува како можно сценарио. 

Се работи за тоа 1/4 финалето и Фајнал Фор да се одиграат во ист (продолжен) викенд. Осум екипи би заминале за Келн и соодветно за Будимпешта, би се одиграло 1/4 финалето во еден ден, евентуално во два и потоа би продолжил регуларниот Фајнал Фор. 

Од позиција на единствениот македонски тим во комбинација, Вардар, клучни се првите 15 дена од мај. Ако дотогаш се создадат услови за тренинг, потенцијално се гледа и крај на кризата и отворање на границите, тогаш би се играло 1/8 финале во кое за Вардар протитивникот е ПИК Сегед. 

Ако во меѓувреме се прифати вторава опција, тогаш Вардар со еден двомеч би отишол во Келн на дуел со Веспрем/Висла Плоцк. 
Но, ако до 15 мај нема услови, ЕХФ ќе го поништи 1/8 финалето и во следната фаза ќе оди тимот со подобри резултати од групната фаза, а тоа во случајот на Вардар е противникот - ПИК Сегед. 

Затоа би додале, ако може во Келн да патуваат осум екипи - зошто да не патуваат и сите 16?

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk